Шумочувар нападат со дигалка во струмичко

Струмичанец од засега непознати причини нападнал шумочувар удирајќи го во глава.

Според информациите од Министерството за внатрешни работи вчера во местото викано Поглед во струмичкото село Банско бил нападнат 61-годишниот В.К. вработен како шумочувар во ЈП-Македонски Шуми.

Тој без причина бил нападнт од 41-годишниот И.Р. кој го удрил со алат-дигалка во пределот на главата. Од ударот В.К. паднал на земја и почнал да крвари, додека И.Р., неговата сопруга и уште едно непознато  лице кое било на местото на настанот побегнале. На В.К. му е укажана лекарска помош и истиот е задржан на лекување. По целосно расчистување на настанот против И.Р. ќе биде поднесен соодветен поднесок.