Шутка доби гинеколог

Денеска започна со работи гинекологот во Здравствената станица Шуто Оризари-Скопје, соопштуваат од министерството за здравство.

Здравствените услуги во текот на летните месеци ќе бидат обезбедени еднаш неделно, односно секоја среда во период од 9 до 14 часот, додека од септември ќе се обезбедуваат два пати неделно во истото работно време.

Министерството за здравство, Здравствен Дом-Скопје и Специјалната болница за гинекологија и акушерство „Мајка Тереза“ склучија договор за меѓусебна соработка за обезбедување здравствена заштита на жените на ниво на примарно ниво.

Во рамки на Договорот за соработка обезбеден е тим од специјалист гинеколог и медицинска сестра од страна на Специјалната болница за гинекологија и акушерство „Мајка Тереза“ во Чаир, кои ја користат опремата и постојниот простор во Здравствена станица Шуто Оризари.

Со отпочнување на оваа активност Министерството за здравство овозможува континуирано унапредување на достапноста на здравствените услуги според потребите на граѓаните.