Швјонтек го освои турнирот во Рим без загубен сет

Одличната серија на победи Ига Швјонтек ја продолжи и на ВТА турнирот во Рим, Италија каде успеа да ја освои титулата.

Најдобрата светска тенисерка денеска во големото финале убедливо со 6:2 и 6:2 ја совлада Тунижанката Онс Жабур за нешто повеќе од еден час игра.

Полската натпреварувачка дојде до трофејот во Рим без загубен сет. Ова е нејзина осма титула во кариерата, вкупно петта од почетокот на сезоната со 33 победи и само три порази.

Швјонтек од понеделник ќе ја зголеми предноста на врвот на ВТА листата на повеќе од 2000 поени во однос на Барбора Крејчикова од Чешка.

Жабур на најновата ВТА листа ќе биде шестопласирана, што е за една позиција подобро од нејзиниот досегашен најдобар ранкинг.

Следен настап за најдобрите тенисерки во светот е грен слем турнирот „Ролан Гарос“ кој ќе се одржи од 22 мај до 5 јуни.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.