Швајцарија има најмногу милионери, 15,5 отсто од населението

Веб-страницата World of Statistics на Твитер ја објави листата на земји со најголем број милионери.

Швајцарија има најбогати луѓе меѓу возрасните, каде милионерите сочинуваат 15,5 отсто од населението.

Следува Хонг Конг со 15,3 отсто, потоа Кувајт со 15 отсто, Сингапур со 12,7 отсто и Австралија со 11,2 отсто.

Во останатите земји на листата, милионерите сочинуваат помалку од 10 отсто од населението.

Во САД се 9,7 отсто, Нов Зеланд 9,6 отсто, Холандија 8,5 отсто, Данска 8,5 отсто, Канада 7,6 отсто и Шведска 7,3 отсто.

Целата листа можете да ја видите на Твитер.

https://twitter.com/stats_feed/status/1676503925950652416?ref_src=twsrc%5Etfw%7Ctwcamp%5Etweetembed%7Ctwterm%5E1676503925950652416%7Ctwgr%5Ea24d3a21634dc6433a4f73746217514f4e05b058%7Ctwcon%5Es1_&ref_url=https%3A%2F%2Frepublika.mk%2F%3Fp%3D659211