Швајцарија воведува доброволна цел за заштеда на гасот од 15 отсто за зимата

Швајцарија постови доброволна цел за заштеда на гасот од 15 отсто за претстојната зима, додека Европа се соочува со потенцијален недостиг од енергенсот како последица од војната во Украина, соопшти владата во средата.

Иако гасот сочинува помал удел во потрошувачката на енергијата во Швајцарија во споредба со други европски земји, три четвртини од годишната потрошувачката доаѓа во зимските месеци.

Целта на Швајцарија е да се користи 15 отсто помалку гасот во споредба со просечната потрошувачка во последните пет години од октомври 2022 година до март 2023 година, соопшти владата. Тоа му одговара на целта за заштеда од околу 3,6 терават-часови.

Сферата со најголем потенцијал за заштеда на енергијата е греењето, се додава во владиното соопштение, и се наведува дека ќе ги намали температурата во своите згради и ќе ги исклучува компјутерите и уредите кои не се во моментот потребни за да пружи добар пример.

Швајцарија би почувствувала директно влијание на секој недостиг на енергенси во Европа, бидејќи на земјата којашто мора да го увезува целиот гас кој го троши би ѝ било отежнато снабдување, додава владата.