Швајцарија ѝ забрани на Данска да ѝ ги испорача на Украина нејзини оклопни возила

Швајцарската влада стави вето на барањето на Данска да ѝ ги испорача оклопните транспортери од швајцарско производство, повикувајќи се на својата политика на воена неутралност според која не испорачува оружје во зоните на воените судири, извести во средата швајцарската телевизија SRF.

Државниот секретаријат за економски прашања (SECO) го одби барањето на Данска на Украина да ѝ испорача околу 20 борбени пешадиски возила „Piranha III“, објави телевизијата.

Неутралната Швајцарија бара од земјите коишто купуваат швајцарско оружје да бараат дозвола за повторени извоз на тоа оружје.

Истото тело во април стави вето на повторниот извоз на швајцарска муниција којашто се користи во противвоздушните тенкови коишто Германија ѝ ги испраќа на Украина. Го одби и барањето на Полска за испраќање воена помош во соседната земја.

Но Швајцарија ја напушти досегашната политика на политичка неутралност и ги усвои санкциите на Европската унија против Русија поради нејзината офанзива во Украина, што Москва го нарекува „специјална воена операција“ за разоружување и „денацизација“ на Украина.

Швајцарската неутралност се соочува со најголемиот тест во изминатите децении, кога во земјата се развива дискусија за тоа како да се толкува политиката која земјата ја држеше вон воените разорувања во двете светски војни во XX век.