Швајцарија загуби повеќе од 500 глечери, се топат побрзо од очекуваното

Во јуни, вториот најтопол јуни во Швајцарија, количината на стопен мраз беше еднаква на годишната потрошувачка на вода за пиење во Швајцарија, објави денеска Академијата од Берн.

Во источниот дел на земјата и на северните падини на Алпите, многу глечери изгубиле дебелина меѓу еден и два метри сам оваа година.

Од почетокот на 20 век, повеќе од 500 помали швајцарски глечери исчезнаа.

Минатата година, Меѓународната група на експерти за климатологија (GIEC) постојано предупредуваше на алармантната стапка на глобално затоплување, а податоците од швајцарските експерти за жал ги потврдуваат познатите податоци.

Од Аладемијата соопштија дека топењето на глечерите е директно поврзано со климатските промени, бидејќи тие се многу чувствителни на зголемувањето на температурите на воздухот, а температурите пак се поврзани со зголемените концентрации на јаглерод диоксид во атмосферата.

Ако глобалното затоплување продолжи со ова темпо, многу помали глечери целосно ќе исчезнат , а поголемите глечери ќе станат уште помали, бидејќи тие продолжуваат да се топат.

За околу дваесет години, ние веројатно ќе можеме да се восхитуваме на глечерите како Алеш, најголемиот алпски глечер во швајцарскиот кантон Вале, но исчезнувањето на глечерите ќе се забрза на глобално ниво, предупредува Академијата.