Британскиот сој на коронавирусот е толку заразен што според сѐ судејќи ја принудила швајцарската армија да го затвори образовниот центар специјализиран во борбата против бактеоролошките (биолошки), хемиски и нуклеарни закани.
Педесет идевет војници биле позитивни на тестот на Covid-19 во воената академија NBC 77 во местото Шпиец во централна Швајцарија, а уште 87 лица морале да одат во изолација, објави министерството за одбрана.
Оваа академија дава основни познавање на војниците и офицерите во областа на нуклеарните, биолошките и хеиските закани (NBC), се наведува на нејзината интернет страница, но сега има само 200 војници и наставата е „привремено можеше да биде прекината“.
„За среќа, немаме ниеден тежок случај. Сите војници во изолација и пружена им е нега на самото место“, наведува министерството за одбрана.
„Сѐ уште е води истрага за да се утврди како вирусот можел во толкава мера да се пришири во академијата“, се додава во соопштението и притоа се изразува задоволство од примената на заптитени мерки кои „овозможиле да се избегне ширење на вирусот надвор од академијата“.
Со анализа досега се утврдени зарази со британскиот сој B.1.1.7 на коронавирусот SARS-CoV-2, која е позаразна од првиот вирус кој се појави во Швајцарија.
Пандемија е многу раширена во Швајцарија и сојузната влада за неколку седмици ги продолжи ограничувањата, како што се затворањата на баровите, рестораните, вклучително и терасите.