Швајцарска компанија бара одобрување за тест за ебола

Швајцарската фармацевтска компанија Рош настојува да добие по забрзана процедура одобрување од САД за тест за дијагностицирање ебола.

Ова синоќа го изјави генералниот директор на таа фирма Северин Шван.

Тестот е подготвен за примена во научни истражувања, но компанијата Рош сака  сега регистрирање за клиничка употреба.

– Рош поднесе до ЕУ барање за одобрување на тестот, а планира наскоро да го направи и пред американските надлежни служби. Ние се надеваме дека тие ќе ни го одобрат тоа по забрзана процедура, додаде Шван.

Според СЗО, речиси 4.900 луѓе ги загубија животите од ебола оваа година воглавно во Либерија, Гвинеја и Сиера Леоне. Неколку случаи се регистрирани вон западна Африка и во САД.