Шварценегер сака нешто да ви каже: Ова го правам 50 пати на ден!

„За да се заштитите од коронавирусот, неопходно е редовно да ги миете рацете“, укажа и познатиот холивудски актер и поранешен гувернер на Калифорнија, Арнолд Шварценегер.

Познатиот актер направи мал туторијал како да се мијат рацете, а му помогна неговиот најсладок асистент, кучето Чери.

Шварценегер укажа дека тоа треба да се прави често.

„Ги мијам рацете минимум 50 пати на ден. Што и да направам, после тоа ги мијам рацете“, вели Арнолд.