Шварценегер учествувал во сообраќајка: Поминал на црвено и удрил во три возила, една жена е повредена (ВИДЕО)

Актерот и поранешен гувернер на Калифорнија Арнолд Шварценегер учествувал во сообраќајна несреќа во Лос Анџелес во која едно лице е повредено.

Полицијата соопшти дека имало четирикратен судар на раскрсницата Брентвуд, а на фотографиите се гледа теренец кој се судрил со најмалку две други возила. Портпаролот на Шварценегер потврдил дека актерот го возел теренец во моментот на несреќата.

Полицијата соопшти дека никој од учесниците не бил под дејство на дрога или алкохол и досега никој не е приведен. Според нивниот извештај, возачот на теренецот се наоѓал во близина на раскрсницата на булеварот Сансет и авенијата Аленфорд кога се судрил со црвен Приус кој во тој момент вртел. Теренецот поминал на црвено и свртел лево, по што Приусот влетал под теренецот, а во судирот биле оштетени уште две возила.

„Изгледаше како сцена од филм. Судирот беше доволно силен што на теренецот беа активирани воздушните перничиња “, рече сведок.

Возачката на Приусот е повредена и со возило на Брза помош била пренесена во болница, но нејзиниот живот не е во животна опасност. Портпаролот на Шварценегер изјавил дека актерот не е повреден и дека на лице место разговарал со итната помош и со повредената.

Полицијата започнала истрага за околностите на несреќата.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.