Шведска ја победи Германија

Шведска ја победи Германија со 25-21, триумф со кој ги елиминираа своите противници, но и Русија од борбата за полуфиналето на Европското првенство во Унгарија и Словачка.

Хампус Ване пак блесна со шест гола беше најефикасен за „трите круни“, додека Јулијан Коштер беше најдобар за Германците со четири постигнати голови.

Шведска сега има шест поени во групата, со што се зад Шпанија, и само тие две репрезентации заедно со Норвешка остануваат со шанси за полуфинале од групата 2.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.