Шведска ја победи Португалија, Унгарија оди во четвртфиналето на СП

Ракометарите на Шведска запишаа нов триумф на Светското првенство (СП), откако вечерва беа подобри со 32-30 против Португалија и така ѝ помогнаа на Унгарија да избори четвртфинале.

Португалија одигра добро прво полувреме, кое го доби со 14-13 и се надеваше на триумф, но Шведска во второто полувреме го сврте мечот во своја корист, па најпрво со серија од 4-0 стигна до 22-18, по што стана јасно дека Португалците нема да се вратат во натпреварот.

Петерсон со осум гола и Јохансон со седум погодоци беа најефикасни кај победничката репрезентација, додека Итуриза постигна седум гола за Португалија.

Унгарија како второпласирана оди во четвртфиналето заедно со Шведска, додека Исланд го освои третото место кое им беше важно за олимписките квалификации

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.