Шведска ги ограничи јавните собири на осум лица

AFP) (Photo by JONATHAN NACKSTRAND/AFP via Getty Images)

Во Шведска од вторникот стапи на сила ограничувањето за јавно собирање на најмногу осум лица, како мерка во настојувањата да се запре остриот раст на бројот на заразените со коронавирусот.

По протестите на јавноста, од овој пропис дозволен е исклучок за погребувањата на коишто може да бидат присутни најмногу 20 лица. Претходните ограничувања за јавните собири, како протестите, претставите, концертите и литургиите, се однесуваа до 50 лица.

Иако ограничувањето не се применува за приватните собири, владините функционери, во прв ред премиерот Стефан Лофтен, истакнаа дека е неопходно воздржувањето од приредување приватни забави, посети на вежбалните, библиотеките и трговските центри, па и што е можно поголемо избегнување на јавниот сообраќај.

Во обраќањето до нацијата викендов, премиерот Лофтен истакна дека „Малиот вентил кој го имавме летово и есенва е затворен. Премногу луѓе ги пренебрегнуваат советите и препораките“, додаде.

Меѓутоа, медиумите завележуваат дека постојат сигнали за промена во однесувањето на граѓаните, бидејќи е забележано намалување во патничкиот сообраќај и поголем број луѓе остануваат да работат од дома.

Шведска, којашто има 10,3 милионско население, досега има регистрирано околу 208.300 заразени и повеќе од 6.400 смртни исходи поврзани со коронавирусот.

Во споредба со соседите, Шведска донесен многу поблаги мерки за запирање на ширењето на коронавирусот, и ги остави растораните и кафулињата отворени. Забраната за ноќно продавање алкохол стапи на сила дури минатиот петок.

Многу од смртнити исходи во Шведска претходно годинава беа поврзани со заразите во домовите за пензионери. Инспекторатот за здравство и социјална грижа (IVO) во вторникот наведе „сериозни недостатоци“ во медицинската грижа во овие домови по прегледот на здравствените картони на пациентите.

„Одлуките и спроведувањето на палијативната нега не беа во согласност со сегашните прописи за повозрасните кои живеат во овие домови“, изјави директороката на IVO, Софија Валстром.