Шведска го претстави трајниот построг закон за имиграцијата

Шведска во четвртокот го претстави законот со кој ги заострува прописите за трајните доселувања во земјата, а за трајни ги прогласува привремените мерки воведени во текот на миграциската криза во 2015 година поради ограничување на прифаќањето на бегалците.

Предлогот-закон на социјалдемократската влада поддржана од Зелените, треба да го замени привремениот закон кој е на сила до 2016 година и продолжен во 2019 година поради непостигнувањето консензус за трајниот закон.

Според планот, бегалците би добиел тригодишна дозвола за престој која може да стане дозвола за постојан престој доколку се исполнат одредни барања како што се познавањето на шведскиот јазик и доволните приходи.

Во однос на своите населениет, Шведска е змјата којашто во Европската инија прифари најмногу имигранти и бегалци во 2015 година со повеќе од 160.000 лица, од кои најбројни се Сиријците. Во изминатите десет години, земјата која има 10,3 милиони жители, им пружила азил и овозможила спојувања на семејствата за 400.000 лица, според податоците на имигграциските центри.

Во периодот кога се зголемува рејтингот на противемиграциската партија Шведски демократи, етаблираните шведски партии, меѓу кои и владејачките социјалдемократи кои своите гласови главно ги темелеа на поддршката на доселениците, во последните пет години направија пресврт кон построгата политика што резултираше со наналување на бројот на издадени дозволи за престој.

„Со овој план, Шведска повеќе не е примамлива за барателите на азил како што беше во 2014 и 2015 годин“, порача социјалдемократскиот министер за миграциски прашања, Морган Јохансон.

Јохансон во четвртокот го бранеше предлогот кој „долгорочно ја гарантира регулаторната рамка и обезбедува принципот на ограничени дозволи за престој да не предизвика несразмерни ефекти“. „Овие теменилни прописи се согласни со оние во повеќегот други земји на ЕУ“, рече на прес-конференцијата.

Во новиот закон ќе постои и обврска за осигурување на потребата членовите на семејствата во текот на поднесувањето на законот за спојување на семејствата, кои се воведени со привремениот закон.

Година иполовина пред парламентарните избори во септември 2022 година, шефот на суверенистичката десна партија Шведски демократи, Џими Акесон, по низната силувања во училиштата ја критикуваше одредбата во полза на малолетниците без придружба, на кои ќе им биде дозволено да го продолжат обтразованието и ќе биде покриени со „хуманитарна заштита“.

Сегашниот привремен закон од 2019 година истекува ова лето. Новиот закон треба да стапи на сила во јули, по извесното изгласување во парламентот.