Шведска: Имигрант се самозапалил откако му било одбиено барањето за азил

Четириесет и двегодишен имигрант се запалил во Канцеларијата за миграција во Карлстад, во централниот дел на Шведска, откако дознал дека не добил азил во земјата и дека веднаш мора да ја напушти земјат. Очевидци тврдат дека мажот се запалил полевајќи се со запаллива течност, а полицајците повикале засилување за да се избегне поголем инцидент.

Полицијата брзо пронашла апарат за гасење на пожар, при што пламенот бил ставен под контрола, спасувајќи го странскиот државјанин од смрт, кој по инцидентот е префрлен во Централната болница во Карлстад.

Според лекарите, мажот се здобил со изгореници по телото што не се опасни по неговиот живот и одредено време че треба да помине под лекарски надзор.

Полицијата соопштила дека инцидентот ќе биде квалифициран како обид за подметнување на пожар.