Шведска во вторникот соопшти дека не планира да направи обемни измени на законот за слободата на говорот, но повтори дека ќе ги разгледа измените коишто на полицијата би ѝ овозможиле да го запре јавното сквернавење на светите книги доколку постои јасна закана за националната безбедност.
„Се залагаме за шведската слобода на говорот“, изјави премиерот Улф Кристерсон на прес-конференција.
Во Шведска и во Данска во понеделникот повторно беа запалени примероци на светата муслиманска книга Куранот, а владите на двете нордиски земји објавија дека истражуваат на кој начин законски можат да ги спречат таквите инциденти и ќе настојуваат да ги намалат сѐ поголемите тензии со муслиманските земји, особено оние од Блискиот исток кои имаат бројни заедници во двете земји.
Покрај изливите на гнев и масовни насилни протести против дипломатските мисии на двете земји во земјите со муслиманско население, властите на тие земји од Стокхолм и Копенхаген да ги спречат и запрат сличните инциденти.
Данската влада во неделата објави дека ќе настојува да најде „правна алатка“ коајшто на властите би им овозможило да интервенираат кога се одржуваат такви настани доколку биде проценето дека предизвикуваат „поголеми негативни последици за Данска, не само во поглед на безбедноста“.
Шведска влада во јули извести дека разгледува слично решение, но десно ориентираните партии во двете земји ги осудија иницијативите, а некои истакнуваат дека слободата на говорот и изразувањето не би смеела да биде загрозена.
Шведскиот министер за надворешни работи Тобијас Билстром во понеделникот изјави дека им испратил писма на сите 57 земји членки на Организацијата за исламска соработка (OIC) за да им појасни какво е правото на собирање коешто се почитува во Шведска, и истовремено ги осуди исламофобните постапки.