Шведска предупреди на истекување и од гасоводот Северен тек 1

Шведската поморска управа во вторникот предупреди на истекување од рускиот гасовод Северен тек 1 во шведските и данските територијални води, набрзо откако беше откриено истекувањето на гасот од цевководите на Северен тек 2 .

„Постојат две истекувања на Северен тек 1, едно во шведската и едно во данската ексклузивна економска зона. Тие се многу близу едно до друго“, изјави портпаролот на шведската поморска управа SMA.

Истекувањето е лоцирано североисточно од данскиот остров Борнхолм, рекол портпаролот додавајќи дека не е познато што е причината.

„Дополнително ја следиме ситуацијата за да осигуриме ниеден брод да не пријде преблизу на ова подрачје“, изјавил друг извор од шведската SMA.

Во понеделникот данските власти ги предупредија бродовите да пловат во радиус од пет наутички милји југоисточно од Борнхолм по истекувањето на гасот од неактивниот гасовод Северен тек 2.

Притисокот во гасоводот Северен тек 2, кој е исполнет со технички гас и требаше да го удвои испораките на рускиот гас во Европа, остро паднал ноќта кон понеделникот од 105 до 7 бари, соопшти во понеделникот портпаролот на компанијата оператор „Nord Stream 2 AG“.