Шведската министерка за надворешни работи ја напушта функцијата

31

Шефицата на шведската дипломатија Маргот Валстром, позната како борец за заштита на човековите и женските права, изјави денеска дека заминува од Владата со цел да му се посвети на семејството.

– Дојде време повеќе да им се посветам на сопругот, децата и внуците. Го известив премиерот дека сакам да ја напуштам Владата и функцијата министер за надворешни работи, напиша Валстром на Твитер.

Маргот Валстром (64) беше шефица на шведската дипломатија од 2014 година. Повторно е избрана на таа функција по парламентарните избори во 2018 година.

Беше и министерка за социјални прашања, а потоа и за култура. Исто така, беше еврокомесарка за животна средина и потпретседателка на Европската комисија.

Во ОН беше специјален известувач за насилство врз жените и децата во конфликтните зони.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.