Шведската влада го преживеа гласањето за доверба со помош на поранешна курдска милитантка

Шведската влада го преживеа во вторникот гласањето со помош на пратеничка чиишто барања за поддршка на Курдите во северна Сирија може да ги компликуваат напорите на Стокхолм за придружување во НАТО.

Турција ги блокираше барањата на Шведска и Финска брзо да пристапат на Северотлантскиот воен блок, за што двете земји напуштајќи ја долгата политика на воена неутралност оправдување најдоа во руската офанзива во Украина. Анкара им забележува на двете земји за поддршка на курдските групации кои се на листите терористички организации, како и за нивните ембарга за извоз на оружје во Турција поради нејзината воена интервенција во северна Сирија, во областите населени главно со Курди.

Независната пратеничка во шведскиот парламент Аминех Какабавех, од курдско потекло, се воздржа од гласањето за предлогот на опозицијата од десниот центар против министерот за правосудство Морган Јохансон, поради порастот на организираниот криминал во земјата. Без нејзиниот глас, гласањето за гласање недоверба доби поддршка од 174 пратеници во парламентот од потребните 175.

Премиерката Магдалена Андерсон изјави дека нејзината социјалдемократска малцинска влада ќе поднесе оставка, доколку на министерот Јохансон му биде изгласана недоверба.

Шведска се соочува со раст на организираниот криминал последните години, а опозицијата за таквата состојба ја обвинува политиката на широко прифаќање на бегалците и слабата превенција на криминалот под водство на социјалдемократите. Годинава убиени се најмалку 30 луѓе, а Шведска претходно беше земја со најмалку смртоносни пукања по глава на жител, но во последните две децении се придружи на земјите со најмногу смртоносни пукања.

Какавабех, поранешен борец на крудските бунтовнички формации, за Reuters во петокот дека ќе ѝ помогне на владата доколку таа потврди дека ги „поддржува Курдите и дека луѓето коишто од тие организации кои доаѓаат во Шведска не се терористи“.

Какавабех во вторникот во парламентот ги критикуваше турскиот претседател Реџеп Тајип Ердоган, бидејќи се спротистави на амбициите на Шведска да влезе во НАТО и дека вршел притисок врз Стокхолм да ги прилагоди шведската слобода на говорот и слободата на собирање на неговите барања.

„Во овој дом се одлучува за шведските закони, а не во Анкара“, изјави Какавабех во обраќањето пред колегите пратеници.

Какавабех ланскиот ноември ја спаси и премиерката Андерсон, која првата шведска премиерка во историјата беше принудена да поднесе оставка по само еден ден на функцијата. Андерсон тогаш вери дека Шведска ќе ја продлабочи соработката со Сирискиот демократскиот фронт (SDF), прокурдска групација.

Турција оваа групација, обучувана и вооружувана од САД, заедно со нејзиното воено крило Единици за заштита на народот (YPG) ги смета за сириска филијала на забранетата Работничка партија на Курдистан (PKK), која во Турција води оружен бунт од 1984 година во кој се убиени над 40.000 луѓе.

Шведска не се согласува дека SDF, како и некои други курдски групи, се дел од PKK која е на листата на терористички организации и на САД и на Европската унија. Социјалдемократите предводени од Андерсон ланскиот ноември изјавија дека е „неприфатливо“ симпатизерите на, како што ја нарекоа – сириската партија, да се сметаат за терористи.

„Договорот од ноември минатата година сѐ уште е на сила“, изјави во вторникот секретарот на Социјалдемократската партија, Тобијас Баудин за шведската новинска агенција ТТ.

Во Шведска следните парламентарни избори треба да се одржат во септември годинава.