Шведски „Ericsson“ купува американска компанија за над 6 милијарди долари

42

Шведскиот производител за телекомуникациска опрема „Ericsson“ објави во понеделникот дека договорил купување на американската компанија „Vonage“ за комуникации во облачната сфера за 6,2 милијарди долари.

Компанијата „Vonage“ произведува интерфејс за програмирање апликации (API) кој овозможува „комуникација“ на софтверите на различни производители, а е активна во секторите како што се здравството, финансиите, образованието и транспортот.

Шведската компанија ќе плати за преземањето на „Vonage“ 21 долар по акција, што според расположливите податоци одговара на цената од 6,2 милијарди долари.

Договорот спаѓа меѓу најголемите во целата историја на „Ericsson“, а се надоврзува на минатогодишното купување на „Cradlepoint“ за 1,1 милијарда долари кој му обезбеди пристап до алатките за поврзување на иредите на интернет преку мобилните мрежи 4G или 5G.

„Vonage е комплементарен со она што досега го изградивме во фирмата (…) И Cradlpoint беше голем чекор во развојот“, изјавил за Reuters генералниот извршен директор на шведската корпорација Карл Меландер.

Во изминатиот 12-месечен период до крајот на септември, „Vonage“ остварил приход од 1,4 милијарда долари, со маржа на прилагодената добивка пред каматите, даноците и амортизацијата (EBITA) од 14 отсто ис лободниот паричен тек од 109 милиони долари. Компанијата има повеќе од милиони регистрирани програмери и повеќе од 120.000 деловни корисници.

„Програмерите создаваат волпшество, користејчи ја платформата на Vonage за креирање апликаци за разни дејности“, појаснил Меландер,

Трансакцијата би требало да биде заокружена во потвата половина на 2022 година, по услов да добие одобрување од акционерите и регулаторите.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.