Шведскиот крал Густаф го укина кралскиот статус за пет внуци

Шведскиот крал Карл Густаф го намали бројот на членовите на семејството кои ќе примаат пари од средствата добиени од даночните обврзници со одлуката за укинување на статусот „кралско височество“ за пет свои внуци.

Вниците на кралот ќе ги задржат титулите принц или принцеза, односно војвода или војвотка, но нема да извршуваат кралски должности. Одлуката значи дека внуците на кралот Карл Густаф на возраст од една до пет години, повеќе нема да примаат годишен „џепарлак“, апанажа која на членовите на кралското семејство им се исплатува од државниот буџет.

Одлуката се однесува на двете деца на шведската престолонаследничка, принцезат Викторија, на принцезата Естела и на нејзниот помлад брат, принцот Оскар.

Шведскиот кралски дворец објави дека децата на 37-годишната принцеза Мадлен и на нејзиниот сопруг Крис О’Онил, како и децата на 40-годишниот принц Карл Филип и на принцезата Софија, нема да може да извршуваат службени должности. Станува збор за 5-годишната принцеза Леонора, 4-годишниот принц Николас и едногодишната принцеза Адриена, како и за тригодишниот принц Алекснадер и двегодишната принцеза Габриела.

Родителите на петте деца исклучени од кралските должнсоти, принцот Карл Филип и неговата сопруга прицезата Софија, како и принцезата Мадлен и нејиниот сопруг Кристофер О’Нил, на социјалните мрежи ја поздравија кралската одлука.

Принцезата Мадлен на Instragam напиша дека ваквата промена „на децата им пружа можноста сопствените животи да ги обликуваат како приватни лица“. Нејзиниот брат, принцот Карл Филип, на истата социјална мрежа напиша дека неговите деца сега имаат можноста за „послободен избо во животот“.

Мадлен моментално живее во Мајами и работи за Светската фондација за зачуввуање на детството која ја основа нејзината мајка, кралицата Силвија, а принцот Карл Филип и неговата сопруга Софија ќе продолжат со работата во својата хуманитарна фондација.

Шведското кралско семејство во 1980 година прва ги измени правилата за наследување, според кој наследникот на тронот е првороденото дете, без оглед на полот.