Шведскиот министер за финансии: Одлуката за влез во НАТО не е најсреќна, но е неопходна

Шведскиот министер за финансии Микаел Дамберг изјави дека, иако одлуката на земјата да влезе во НАТО не е најсреќна, тоа е неопходен чекор поради војната во Украина. Како што изјави тој за Си-Ен-Ен, рускиот напад врз Украина ги поттикна луѓето да размислуваат дали тие ќе бидат следните.

„Мораме да се браниме, а тоа го правиме подобро заедно со другите европски и американски партнери. Досега се оди добро и очекуваме сите земји да ги пречекаат Шведска и Финска како членки на НАТО“, рече Дамберг.

Тој ја коментираше и економската состојба во Шведска и рече дека не е сигурен како ќе се движи економскиот раст во следните неколку месеци.

Луѓето се подготвуваат за потешки времиња“, изјави Дамберг, пренесува Танјуг.

Американската телевизија објави дека инфлацијата во Шведска е највисока во последните 30 години.