Шведските здравствени власти: Вакцината сама по себе нема да го запре ширењето на Ковид-19

Шефот на шведската агенција за јавно здравје, Јохан Карлсон изјави дека пандемијата на Ковид 19 нема да може да се запре само со вакцина против таа болест, додавајќи дека  одредени превентивни мерки ќе треба да останат во сила следниот период.

Идната вакцина „веројатно ќе биде значајна алатка“, но не и алатка што претставува конечно решение за проблемот, вели Карлсон, чија земја се одлучи за контроверзен модел според кој голем дел од општеството беше поштеден од рестриктивни анти-епидемиски мерки.

Според АП, шведската министерка за социјални работи, Лена Халенгрен, изјавила дека идната вакцина против Ковид-19 треба да ја примаат како приоритетни групи лица над 70 години, членови на ризични групи, како и медицински персонал и негуватели.