Си ја нападнал сопругата со нож и тешко ја повредил

Прилепчанка била нападната со нож од својот сопруг кој имал здраствени проблеми, по што со тешки повреди била пренесена во болница.

„На 22.06.2020 во 07,15 часот во Полициска станица Прилеп, К.С.(58) од Прилеп пријавила дека во нејзиниот дом во Прилеп била физички нападната со нож од нејзиниот сопруг З.С.(57) кој имал здравствени проблеми при што и биле нанесени тешки телесни повреди, констатирани од доктор во Општата болница Прилеп.“ соопштува полицијата.

Се преземаат мерки за расчистување на случајот.