Сијарто ја пофали ’извонредноста’ на Џонсон

Унгарскиот министер за надворешни работи Петер Сијарто го пофали во петокот премиер Борис Џонсон нарекувајќи го „извонреден политичар“ и додаде дека повеќето се неоправдани критиките кои се упатуваат на сметка на британскиот премиер додека тој вложува напори Обединетото Кралство да го изведе од Европската унија во договорениот рок на 31-ви октомври.

„Борис Џонсон е извонреден политичар кој знае што сака и работи на спроведувањето на волјата на народот“, изјави шефот на унгарската дипломатија Петер Сијарто во разговорот за телевизијата М1 алудирајќи на референдумот од јуни 2016 година кога британските гласачи со 52 отсто изгласаа напуштање на ЕУ.

Будимпешта жали што Велика Британија одлучи да ја напушти Европската унија, бидејќи станува збор за „тешка политичка, економска, стратешка и бебедносна загуба, но резултатите од референдумот мора да се почитуваат“ како волја на граѓаните, додаде Сијарто.

Шефот на унгарската дипломатија, исто така, оцени дека критиките упатени кон британскиот премиер во најголем број од случаите се неоправдани, како и дека ниту еден политичар не би требало да биде критикуван кога ја исполнува волјата на народот.

„Секој кој денес ќе ѝ се спротистави на доминатната струја, е изложен на меѓународен медиумски притисок“, заклучи Сијарто.

Како и британскиот колега, и унгарскиот премиер Виктор Орбан е еден од бранителите на националниот суверените наспроти администрацијата во Европската унија. Спротиставувањето на Орбан на политиките на чиновниците во Брисел, во прв ред во поглед на имиграциите и притисоците за реформите во унгарското правосудство, му донесао сипмпатии од суверенистите евроскептичарите во Европа, меѓу кои и предводеникот на брегзитот Најџел Фараж, но и од републиканскиот американски претседател Доналд Трамп.

Унгарската економија е тесно поврзана со трговски врски со ЕУ, а Брисел истакнува дека тука спаѓаат и фондовите кои Брисел ги испалтува, па оттаму Орбан никогаш не споменал излегување од ЕУ.

Меѓутоа, Орбан кон крајот на јули годинава порача дека Унгарија следната 2020 година ќе мора да воведе уште две мерки за поттикнување на економијата, имајќи предвид дека забавува економскиот раст во Европската унија. Економската политика што ја спроведува унгарскиот премиер е насочена на оддржување на економскиот раст кој го надминува просекот на економскиот раст во Европската унија за два процентни поена. Во јуни владата во Будимпешта го најави првиот круг од мерките, меѓу кои се намалување на даноците и отворање нови работни места.

Унгарската економија, имено, пораснала за 5,3 отсто во првиот квартал од годинава, најмногу во последните 15 години, а министерот за финансии Михали Варга изјави дека јунските мерки би можеле да го одржат растот на околу 4 отсто во текот на следната година. Меѓутоа, доколку изгледите за економскиот раст во ЕУ се влошат, Орбан смета дека е потребно да се преземат натамошни чекори за да се одржи брзиот унгарски економски раст.