Сијарто порача дека Вишеградскатата група бара забрзување на проширувањето на ЕУ

53

Вишеградската група очекува дека новата Европска комисија ќе го забрза процесот на проширување на Еврпската унија , изјави во понеделникот во Прага унгарскиот министер за надворешни работи Петер Сијарто, критикувајаќи ја притоа Финска во чиешто шестмесечно преседавање ниедна земја не ги отвори преговарачките поглавја.

По стредбата во Прага со своите колеги од ткн Вишеградска група (В4), којашто ја сочинуваат Унгарија, Полска, Словчка и Чешка, Сијарто порача дека „еден од најголемите несупеси на досегашната Европска комсија на чело со Ќан-Клод Јункер е речиси целоснотото запирање на процесот на проширување“/

„Оттаму, очекуваме од новата Европска комисија да ги отвори новото поглавје на проширувањето на ЕУ, со особена акцент на интеграцијата на западен Балкан“.

Сијарто истакна дека ресорот на проширување ќе биде во „добри раце“ на унгарскиот еврокомесар Оливер Верхаљи. „Се договоривме дека Вишеградската група ќе ги поддржи напорите на унгарскиот еврокомесар да се забрза проширувањето“, додаде шефот на унгарската дипломатија.

Сијарто ѝ забележа на Финска, којашто претседава со ЕУ ова полугодиен, на нејзиниот „огромен неуспех“. „Тоа е првото претседателство кое не успеа да отвори ниедно преговарачко поглавје со некоја земја кандидат, која и да биде, што никогаш претхедно не се случи“, истаквна Сијарто.

На самитот на ЕУ во октомври, Франција го блокираше отоврањето на пристапните преговори со Македонија и Албанија, барајќи нова методологија за подготвеноста на кандиндите за отворање на преговорите.

„Сметаме дека одложувањето на проширувањето и поставувањето пречки за проширувањето е политика која е спротивна на европските интереси“…. „Покрај тоа Црна гора ома уште само едно поглевје за отворање, а финското претседателство ниту во тоа не успеа“, додаде.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.