Сијарто: Приоритет на ЕУ треба да биде запирање на миграцијата и обезбедување работни места за европските граѓани

Шефот на дипломатијата на Унгарија, Петер Сијарто, порача дека приоритет на Европската унија треба да биде обезбедување работни места за европските граѓани кои останале без работа поради пандемијата.

Говорејќи по состанокот на министрите за надворешни работи на ЕУ, Сијарто изјави дека сериозните економски последици од пандемијата сега стануваат јасни.

-Стотици илјади, можеби милиони, ги загубија своите работни места – рече тој.

Сијарто рече дека ја повика Европската комисија да престане да создава легални миграциски патишта и да инсистира на доведување на африканската работна сила во Европа. Сијарто истакнува дека на Европа и треба обезбедување работа за европските луѓе.

-Разговорите на ЕУ за миграцискиот договор со Африка треба да бидат за африканските луѓе да останат во своите татковини. Таа цел може да се постигне со помош на шеми за економски развој и инвестиции во африканските земји. Европската унија конечно мора да се фокусира на запирање на миграцијата – изјави Сијарто.

Во врска со разговорите за Либија, Сијарто истакна дека Вишеградската група донирала 35 милиони евра во 2018 година за поддршка на напорите за заштита на границата на Медитеранот.

-Сепак, ЕУ „сè уште не успеа да купи“ бродови што би можела да ги искористи либиската крајбрежна стража за да ја запре миграцијата и шверцот со луѓе кон Европа – изјави Сијарто.

На разговорите во понеделникот, министрите за надворешни работи се согласија да бидат купени три брода за таа цел, рече Сијарто.