Унгарскиот министер за надворешни работи Петер Сијарто во вторникот изрази рамнодушност кон одлуката на шефот на дипломатијата на Европската унија, Жозеп Борел да го преместо министерскиот состанок од Будимпешта во Брисел поради незадоволството на бриселската бирокраија од начинот како Унгарија го практикува ротирачкото претседавањето со ЕУ.
„Сеено ми беше на почетокот, како што ми е и сега“, рече Питер Сијарто во изјавата.
Шефот за надворешна политика на ЕУ, Жозеп Борел, на овој начин сака да го „казни“ изразеното самостојното дејствување на унгарското ротирачко претседателство во областа на надворешната политика. Борел претходно ја изнесе идејата дека може да свика состанок на министрите за надворешни работи на ЕУ на крајот на август во исто време кога унгарското претседателство закажа неформална средба во Будимпешта, што практично би значело бојкот на тој состанок.
Веднаш откако неговата земја го презеде ротирачкото претседателство, унгарскиот премиер Виктор Орбан замина Киев па потоа во Москва и Пекинг во мировна мисија за да преговара за евентуален прекин на огнот во Украина. Тоа го направил без никакви консултации со други членки и институции на ЕУ, а освен тоа, ротирачкото претседателство не е овластено да ја претставува ЕУ во странство, тврдат во Брисел. Меѓутоа, немаше никаква конкретна изјава од Будимпешта дека патувањата на Орбан биле во името на ЕУ.
Орбан, исто така, го разлути Брисел откако го напушти самитот на НАТО во Вашингтон и замина за Флорида, каде што разговараше за војната меѓу Русија и Украина со американскиот претседателски кандидат Доналд Трамп, чие евентуално враќање во Белата куќа е непосакувано за високо позиционираните бирократи неолиберали во ЕУ. Унгарскиот министер за надворешни работи Петер Сијарто ја критикуваше политиката на ЕУ кон Украина и во својот говор во Советот за безбедност на ОН и ја обвини Унијата дека води провоена политика.
„Мораме да испратиме сигнал, дури и ако е симболичен“, им рече Борел на новинарите во понеделникот во Брисел по последниот состанок на министрите за надворешни работи на ЕУ пред летниот распуст.
Борел рече дека нема консензус меѓу членките на ЕУ за тоа дали да присуствуваат на министерскиот состанок во Будимпешта, планиран за 28 и 29 август, а потоа и на собирот на министрите за одбрана. Рече дека одлучил да ги премести двете средби во Брисел бидејќи повеќето земји сакаат да испратат порака до Унгарија за преговорите на Орбан со Русија, која е под санкции на ЕУ поради нејзината двегодишна инвазија на Украина, но во изјавата имплицираше и дека Унијата е страна во војната.