Сијарто: Унгарија продолжува да го поддржува Балканот на патот кон ЕУ

23

Унгарија ќе продолжи да ги вложува сите напори со цел унапредување на доближувањето на земјите од Западен Балкан до Европската унија, што е во економски, стратешки и безбедносен интерес на Унгарија, изјави денеска унгарскиот министер за надворешни работи Питер Сијарто.

Тој ова го напиша на својот профил на „Фејсбук“, а по разговорот со неговиот црногорски колега Срѓа Дармановиќ.

Сијарто додаде дека унгарското Министерство за надворешни работи веќе назначило експерти за интеграција, кои ќе работат со владите на земјите од Западен Балкан, кои се во преговори за членство во ЕУ.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.