Си-ен-би-си: Амазон ќе им плаќа на работниците да си заминат

Амазон има решение за работниците кои повеќе не сакаат да работат во таа компанија, според кое треба да им плати за да си заминат, пренесува Си-ен-би-си.

Имено, американската фирма им нуди на вработените од 2.000 до 5.000 долари за да ја напуштат компанијата. Вработените имаат право на ова по една година работа во компанијата, но ако ја прифатат понудата, немаат веќе право да се вратат да работат за гигантот на милијардерот Џеф Безос.

– Ние сакаме во Амазон тие да бидат она што навистина сакаат да бидат. На подолг рок, ако работникот остане некаде каде што не сака да работи – тоа не е корисно ни за него, ниту за самата компанија, изјави гласноговорничката на компанијата, Мелани Ичиз.

Но, Амазон, всушност, не сака работниците да ја прифатат понудата. Дури и во понудата стои „Те молам, не ја прифаќај оваа понуда“.

Оваа програма, наречена „Pay to Quit“ (отплата за отказ), првпат е применета во малопродажната компанија за обувки Запос, која Амазон ја купи во 2009 година.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.