Си го запалила сопругот зашто не ја кажал лозинката од смартфонот

Деди Пурнама (26), од индонезиската провинција Источна Јава починал, откако неговата сопруга, една година помладата Илхам Кахјани го запалила.

Се’ почнало кога таа му ја побарала лозинката за отклучување на неговиот смартфон. Тој одбил да го стори тоа, настанала кавга, па тој ја удрил.

Тогаш, изневерената жена го полеала својот сопруг со бензин и го запалила. Мажот бил згрижен в болница, но по два дена починал.

Жената е приведена и сега се соочува со обвинение за убиство со предумисла.