14.8 C
Skopje
четврток, април 25, 2024

Си заминаа и, пак, најдобри стрелци за 2021 на Барса и Јуве се Меси и Роналдо

И покрај тоа што оваа календарска година одиграа само една полусезона, Меси и Роналдо на крајот завршија како најдобри стрелци на нивните поранешни клубови.

Кристијано Роналдо на крајот од летниот преоден рок го напушти Торино и потпиша за Манчестер Јунајтед, но сепак годината ја затвора како најдобар стрелец на „Бјанконерите“.

Тој годинава за Јуве постигна 20 гола во сите натпреварувања, а потоа додаде 13 на 18 натпревари во дресот на Манчестер Јунајтед со кого до 31 декември има уште некој натпревар и шанса да ја подобри статистиката.

Неговиот ривал Лионел Меси исто така ја носи истата „титула“ најдобар стрелец на својот поранешен клуб. Тој годинава за Барса постигна дури 28 голови, па не случајно никој не успеа да го надмине иако од лето настапува за друг клуб, францускиот ПСЖ.

Во дресот на „Светците“ Меси го нема истиот ефект како во Барса. Сезонава има само 6 гола на 16 натпревари од кои само 1 во Лиг 1, а 5 во Лигата на шампионите.