Сибирскиот тигар на Путин пребегнал во Кина

И вториот сибирски тигар, кој рускиот претседател Владимир Путин го пушти во дивините „пребегнал“ во Кина, објавуваат кинеските медиуми, пренесува Нетпрес.

Тигарот Јустин ја минал пограничната река Амур и сега е во кинеската провинција Хејлонгџијанг. Движењето на тигарот се следи преку сателит, со помош на сигнал кој го праќа огрлицата која ја носи. Рускиот претседател го пушти Јустин во дивина во јуни, годинава.

Инаку претходно, во октомври годинава, првиот од двата тигри на Путин од рускиот Амурски реон минал во Кина. Владимир Путин се залага за заштита на амурските тигри, кои се загрозена врста и во природата ги има многу малку. Според проценките на експертите тие се околу 400, додека во заточеништво има уште околу 600.

putintigar11

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.