Сиднеј во карантин уште еден месец

Властите во австралиската држава Нов Јужен Велс денеска го продолжија рокот на карантин поради коронавирусот во Сиднеј за уште еден месец.

Мерката е донесена поради фактот дека во Сиднеј продолжува да се шири варијантата Делта на коронавирусот.

– Карантинот се очекуваше да заврши в петок, но е продолжен до 28 август, изјави премиерот на Нов Јужен Велс, Гледис Береџиклјан.