СиЕнЕн: Хилари е пред Трамп по телевизиската дебата

Руската агенција се повикува на резултатите од анкетата која ја спроведе „Си-Ен-Ен“, направена веднаш по завршувањето на дебатата.

Имено, 62 отсто од анкетираните ја посочиле Клинтон за победник, додека 27 проценти сметаат дека Трамп е подобар.

При објавувањето на резултатите од анкетата, водителот на „Си-Ен-Ен“ истакна дека 41 процент од анкетираните биле приврзаници на Демократската партија, а 26 отсто на Републиканската партија.