Сигнали кои укажуваат на тоа дека е неверен

Да се препознае неверник, може да биде тешка мисија. Некои луѓе се толку вешти во сокривањето на „прљав веш“ што е невозможно да им се влезе во трага. Меѓутоа, ако се сомневате во верноста на својата понежна и посилна половина, можеби овој текст ќе ви помогне да разјасните некои работи кои ве мачат. Ако ве интересира кои се знаци на неверство, на вас е да ги научите и да ги препознаете.

Обвинување

Ако ви се случило, без некоја посебна причина партнерот да ве обвини дека сте неверни, тоа е прв знак дека тој нешто прави погрешно. Ваквото обвинение не мора да значи сомнеж во вашата верност туку можеби сомнеж во себе.

Сака повеќе

Ова важи и за мажите и за жените, ако партнерот се жали дека не му посветувате доволно време, внимание и љубов не игнорирајте го. Овие реченици упатуваат на тоа дека на партнерот му треба промена, но не сака никој друг туку само вас.

Повици и пораки во доцните часови

Ако саканата личност откако мобилниот ќе и заѕвони оди во купатило, ве изневерува. Ако мобилниот го носи секаде со себе и притоа звукот секогаш е на тивко, нешто крие. Иако можеби ништо не е сериозно, препорачливо е да не го игнорирате овој проблем, туку да прашате за што се работи.

Среќата, никогаш поголема

Нормална работа е во долгите врски да се опуштиме, партнерот ви е познат, а и сами на себе сте си обични. Ако партнерот одеднаш се весели на се, утро, месечина, птици, песни сигурно има причини за тоа.

Истражувањата покажуват дека можете да препознаете дека партнерот ви е неверен по тоа што ви подарува многу повеќе внимание од претходно. Причина за тоа може да биде грижа на совест или желба да не го откриете. Битно е да не ги игнорирате сигналите и да ги решите проблемите со партнерот додека не е доцна за тоа.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.