„Сигурен“ знак за втор корона-бран: Австралија пак го ограничи купувањето тоалет-хартија

45

Супермаркетите во Австралија повтоено воведоа ограничување на купувањето тоалетна хартија, веројатно поради растот на новозаболени од коронавирус.

Во супермаркетите „Колс“ може да се купи до еден пакет тоалет, а во „Вилвортс“ до два. Масовното купување го предизвика значителното зголемување на бројот новозаолени во државата Викторија. Австралискиот премиер Скот Морисон нагласи дека нема причини за трупање залихи.

Ограничувањето за тоалет-хартија претходно беше воведено во март, кога граѓаните, во очекување на карантински мерки, ги испразија продавниците, а имаше и тепачки меѓу куувачите.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.