Сигурна предност за Севиља, минимална за Бенфика

Новиот шампион на Португалија, тимот на Бенфика ја искористи предноста на домашниот терен во првиот полуфинален натпревар од Лигата на Европа и сосема заслужено со минимални 2:1 го победи најверојатно старо-новиот владетел во италијанската Серија А, тимот на Јувентус.

Домаќинот дојде до посакуваното водство веќе во 3 минута со погодокот на централниот дефанзивец, Езекел Гарај, а на 1:1 во 72 минута израмни бомбардерот на “старата дама”, Карлос Тевез кој немаше постигнато погодок на европската сцена од 2009 година.

Во последните моменти од натпреварот, вистнски еврогол постигна бразилскиот интернационалец Родриго Хозе Лима.
Првиот полуфинален дуел помеѓу претставниците на Шпанија, Севиља и Валенсија заврши со сигурен триумф на домаќинот од 2:0.

Првиот погодок, постигнат во 33 минута беше дело на искусниот играч за врска, Стефан М’Биа, а само три минути подоцна, во листата на стрелци се запиша и брзоногиот напаѓач, Карлос Бака.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.