Сигурни победи на Арсенал и Тотенхем

Клубовите од северен Лондон, Арсенал и Тотенхем во неделата остварија високи победи во натпреварите од 30-то коло од англиското фудбалско првенство, првите на својот терен го совладаа Вотфорд со 3:0 (1:0), додека вторите како гости го надиграа Борнмуте со 4:1 (1:1).

Стрелци за „топчиите“ беа Мустафи во 8, Обамејанг во 59 9 Мктарјан во 77 минута. Гостите имаа шанса да го направат дуелот поинтересен, ни при резултат 2:0 Дини не искористи удар од белата точка.

На дуелот во Борнмут поведоа домаќините уште во 7 минута преку Станислас, а до заминувањето на полувреме изедначи Деле Али во 35 минута. Во вториот дел „петлите“ направија пресврт со двата гола на Сон Хеунг0мин во 62 и 87 минута, додека конечниот резултат го постави Ореир во првата минута од продолжението. На овој натпревар имаше еден контроверзен момент, кога при водство на Тотенхем од 2:1 во 83 минута беше поништен гол на Станислас бидејќи судијата процени дека при постигнувањето на погодокот напаѓачот на Борнмут направил прекршок во напад.

Тотенхем со оваа победа скокна на третото место на табелата со 61 бод, еден повеќе од четвртиот Ливерпул, а четири помалку од вториот Манчестер Јунајтед. Арсенал остана шести со 51 бод, пет помалку од петтиот Челзи.

Вотвфорд е 10-ти со 36 бодови, додека Борнмут е две места подолу со три бода помалку.

Во убедливо водство е Манчестер Сити со 78 бодови и меч помалку кој ќе го одигра во понеделник кај Стоук Сити.