Сијарто го обвини Брисел дека ‘отворено поттикнува’ криумчарење луѓе

Унгарскиот министер за надворешни работи Петер Сијарто ги обвини во понеделникот Брисел и „одредени западни држави членки на ЕУ“ дека „отворено го поддржуваат криумчарењето луѓе“, тврдејќи дека на Средоземното Море е изведена „меѓународно организирана“ операција на криумчарење луѓе.

„Брисел и оддредени западни земји членки на Европската унија самите себеси се разоткрија“, изјавил шефот на унгарската дипломатија Петер Сијарто за унгарските новинари во паузата во текот на состанокот на министрите за надворешни работи на земјите членки на ЕУ во Брисел.

„Откако сфатија дека миграциите може да се запрат не само на копното, туку и на море, почнаа континуирано да го поттикнуваат криумчарењето со луѓе, бидејќи на Брисел и на одредени западни земји во интерес им е да придобијат сѐ повеќе мигранти во Европа“, додал Сијарто, пренесе унграската новинска агенција MTI.

Сијарто, исто така, предупредил дека „силите коишто ги организираат мигрантите повторно се во офанзива“, додавајќи дека држави членки на ЕУ застануваат на страната на криумчарите.

Според унгарскиот министер за надворешни работи Европа има две опции по прашањето на миграциите: или да го поттикнува криумчарењето со луѓе или да бара легално влегување. Сијарто, исто така, рекол дека криумчарењето на луѓе коешто го „поддржуваат групите од цивилното општество“ ќе покрене нови миграциски бранови кон Европа.

„Таквите политики ги поттикнуваат луѓето да им платат на криумчарите и да се товара на бродовите, бидејќи и онака ќе бидат спасени и доведен до италијанскиет или малтешките пристаништа“, рекол Сијарто.