Сијарто порача дека Србија залужува да биде членка на ЕУ, доколку се прашува Унгарија би била уште утре

88

Шефот на унгарската дипломатија Петер Сијарто изјави во петокот во Белград, во рамките на поддршката на српскиот претседател Александар Вучиќ, дека Србија заслужува што поскоро да стане членка на Европската унија и вети дека Унгарија ќе ја поддржи на тој пат.

Сијарто на собирот за поддршка на Вучиќ, читајќи го говорот на српски јазик, рече дека е „неприфатливо“ на Србија „да ѝ се држат лекции“ и да се „оспорува нејзиното напредување“ во процесот на интеграциите.

„Заслужувте што поскоро да станете членка на ЕУ и доколку ние се прашуваме, вие уште утре би биле членка. Ви сте вистинска горда европска нација и тоа веќе повеќепати сте го докажале. Со вашето пристапување и ЕУ би била посилна и затоа ќе работиме на тоа“, порача унгарскиот министер за надворешни работи.

Сијарто оцени дека до пред неколку години „не можеше да се замисли шефот на унгарската дипломатија да биде гостин во кампања на владејачката партија“, како и дека она што тој вечерва го зборува во Белград потврдува дека односите меѓу двете држави се „најдобри досега“, а дека до промената дошло благодарејќи на „личните напори“ на водачите на уингарската владејачка партија Фидес, Српската напредна партија и Сојузот на војводинските Унгарци во Србија. На сличен начин, додаде, Унгарија е горда на српската заедница во земјата, свесна за српскиот идентитет, кој ја збогатува.

„Денеска можеме да кажеме дека Србија и Унгарија се пријатели, и уште повеќе, дека односите меѓу двете земји никогаш не биле толку добри како денеска“, истакна Сијарто.

Оцени тека денес може да се види дека „централна Европс сѐ повеќе јакнее“, а дека одговорот е „многу едноставен – владите на централноевропските земји се раководат од својата национала политика и покрај сите притисоци“.

„Но, на силна централна Европа ѝ е потребна силна Србија и на сите им е јасно дека вашата земја е сѐ посилна и посилна, а зајакна бидејќи нашите челници не ги пренабрегнаа националните интереси“, оцени Сијарто.

Рече дека е сигурен оти „Србија ќе биде способна за големи дела“, како и дека Унгарија и Србија се „земји кои се засновани на вредностите кои се подоготвени да ги одбранат“.

Истакнувајќи дека политичката стабилност е извонредно значајна за Унгарија и за Србија, Сијарто рече дека неговата земја извонредно го цени тоа што „Србија го прави за Унгарците кои живеат во неа“.

„Вие сте вистинска, горда, европска нација, што повеќепати сте го докажале. Со вашето пристапувањње ЕУ ќе биде посилна и на тоа ќе работиме во годините што претстојат со вас и со претседателот Вучиќ. Да живее Србија, да живее пријателството меѓу српскиот и унгарскиот народ“, заклучи Сијарто.

Шефот на унгарската дипломатија и претходно искажуваше поддршка на собирите на партијата на Вучиќ во текот на предизборните кампањи. Владите на двете држави на 15-ти април во Суботица одржаа заедничка седница на којашто беа потпишани 11 меморандуми и договори за соработка.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.