Сиксерс, Бакс и Рокитс на прагот од вториот круг во НБА

Филаделфија 76ерс, Милвоки Бакс и Хјустон Рокитс со синоќешните победи стасаа на чекор до конференциските полуфинални дуели во НБА лига, додека Денвер Нагетс израмнија со победата кај Сан Антониот Спарс во вечерта во која на сите четири натпревари славеа гостите.

Денвер Нагетс со 117:103 победија кај Сан Антонио Спарс и во серијата до четири победи израмнија на 2:2, а јунак на победата беше српскиот центар Никола Јокиќ со 29 коша, 12 скокови и 8 асистенции. Џамал Мареј додаде 24 поени кај Денвер, а Ламаркус Олдриџ ги предводеше Спарс со 24 поени.

Филаделфија славеше со 112:108 кај Бруклин и поведоа со 3:1 во серијата. Главен играч на мечот беше Џоем Имбиид со 31 кош и 16 скокови, а за Сиксерс 24 поени уфрли Тобиас Херис. Бруклин со 25 поени ги предводеше Карис Леверт.

Милвоки Бакс во Детроит победија со 109:103 и водат со 3:0 во серијата. Бакс водеа во текот на целиот меч, а во последната четвртина имаа водство и од 20 поени. Кај тимот од Висконсин дури седум кошаркари имаа двоцифрен број погодоци, а ги предводеше Крис Мидлтон со 20 коша. За Детроите Блејк Грин постигна 27 поени.

Тесно беше и во Солт Лејк Сити, каде Хјустон со 104:101 ја совлада Јута и дојде на меч до полуфиналето, Хјустон во последните 42 секунди погоди пет од шесте слободни фрлања, а стрелците ги предовдеше Џејсм Харден со 22 поени, а Јута го имаше во своите редови расположениот Донован Миќел кој постигна 34 коша, но не успеа да дојде до првата победа во плеј-оф серијата.