„Сиктер Ердоган“ – насловна страница во грчки весник ја разгневи Турција

Портпаролот на грчката Влада Стелиос Пецас и Министерството за надворешни работи на Грција, реагираа и ја осудија насловната страница на грчки дневен весник поради упатени погрдни зборови до претседателот на Турција, Реџеп Таип Ердоган.

– Слободата на говор и независноста на медиумите се негуваат од грчкиот народ и се заштитени во нашиот Устав. Ова, сепак не ја негира одговорноста да се почитува странски лидер. Навредливиот јазик е спротивен на нашите вредности и може само да биде осуден од грчката влада – напиша Пецас денеска на неговиот официјален „Твитер“ профил.

Десничарски ориентираниот весник „Димократиа“, на насловната страница, вчера објави псовка до Ердоган, напишана на турски јазик, по што според грчките медиуми, во Министерството за надворешни работи на Турција бил повикан гркиот амбасадор во Анкара.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.