Сиктер, сиктер, бај, бај за претседателите на ЗНМ и на Синдикатот

Крај на колумната

Почитувани читатели,

Јас најискрено се извинувам за почетниот стручен вокабулар (прилагоден за читател) по однос на медиумите и телекомуникацискиот бизнис. Но, тој е дел од она што не’ очекува во наредните години каде ние кои се занимаваме со оваа дејност мораме да покажеме повеќе од сериозен пристап кон решавање на горливите проблеми.

Како се решаваат проблемите? Многу едноставно, со интелектуална ампутација на непотребен кадар, за кој нормалниот човек секогаш внатре во душата, а богами и во мислите кои не ги искажува има чувство дека се работи за обични клептомани кои имале несреќно детство и неизреализирана младост.

За да можеме да се разбереме јас растев и сеуште се дружам со вистински мајстори на новинарството. Впрочем тоа се обични луѓе кои предноста пред другите ја имаат од само еден фактор: имаат повеќе информации од сите аспекти на општественото уредување на нашата мила државичка.

Од почит би сакал да набројам неколку прекрасни дами и џентлмени на новинарството кои во далечната 2002 година први ми дадоа пристап до јавноста преку следниве медиуми: Зденка Павковиќ и Верче Георгиевска (Утрински Весник), Тања Јовановска (Вест), Маријан Блажевски (Дневник), Дејан Николовски (Дневник и Време), Светлана Блажевска (Вечер), Маја Дамјановска (Сител), Наташа Стојановска и Анета Додевска (А1), Роберт Поповски (Канал 5), Мишко Иванов и Столе Наумов (Канал 77). Мојот последен настап е на 23 Мај 2022 година кај Ивица Боцевски и Горан Момировски (кој го замени Љупчо Златев) во емисијата Еспресо на Радио Лидер.

Драги мои за овие луѓе споменати и неспоменати никогаш и нигде не сте чуле ниту една финансиска афера.

Ама, за Борјан Јовановски другарот на Младен Чадиковски- претседател на ЗНМ и Павле Беловски – претседателот на ССНМ, би сакал да Ве потсетам какво мислење имате за него. Со три приказни.

Во емисијата Еспресо со Боцевски и Златев, на констатација дека Борјан Јовановски-Боко (он е гостин) е наместен во рекетарската шема на Боки 13 во врска со телевизијата ТВ1, пусти Боко неможеше воздух да земе. За малку Брза Помош да му викнат. Незнае што да одговори. Боки 13 бил коректен газда. Зошто? Одговорот е дека се движат документи за негова вмешаност со влијание за нелегално финансирање на истата.

Во истата емисија Боко ќе ни соопшти: Да не требаше на учесниците од Шарена револуција ордени да им дадеме?

Ова ми е многу жал што го пишувам. Додека Боко се сликаше со Зоран Заев во село Брајчино- преспанско, на голем активист на Шарената Револуција од мака што неможат да издејствуваат работни места за себе или своите сопруги како што е хигиеничарка во болница во Битола, МУ ПОЧИНУВААТ 3 ДРУГАРА. Да да, од мака. Починатите не се ниту Македонци, ниту Албанци. Тие се луѓе кои таквите како Боко не ги перципираат дека се живи во Македонија.

Наш Боко на Твитер на 27 мај 2022 год во 18:30 ќе ни соопшти дека Зоран Заев е Хенри Кисинџер и Винстон Черчил заедно за Бранко Црвенковски.

Ова се вика: Колку треба да си неписмен да го напишеш статусов? Винстон Черчил три месеци пред средбата на Јалта лета преку целиот источен фронт и е главната личност кој се договара со Сталин дека Грција ќе биде под британско влијание, само поради поморските патишта кои водат кон Суецкиот Канал. Подоцна Британците заедно со Грците ги бомбардираат Македонците со напалм бомби, а Зоран Заев ја фрли последната напалм бомба врз македонскиот народ кој живее кај јужниот сосед.

Така да Бранко Црвенковски можеби бил слаб кадровик, ама секогаш бил голем патриот и не му е омилена сцена: Дупе Вам зинуло за паре.

За да можеш да твориш во Македонија првенствено мора да имаш чувство за државност, а со тоа напоредно иде и човечноста.

Младен Чадиковски ќути ко залиен за случајот со телевизиите А1 и А2 и ситните кодоши (на број се 8 (осум)) на МВР и Обвинителството во стилот Извини Пиги морално беше, а Павле Беловски ќе биде запаметен како новинар со нарачани прашања за кои заслужува одговор во уличарски стил.

Ама не сум јас како нив. Што би рекол Бени Шаќири: Луѓето со идеи неможат да се купат, а оние кои мислат само на пари купени се од сам старт.

Затоа другарчиња СИКТЕР БАЈ БАЈ.

П.С. Нешто лично за Христијан Мицковски

Кога ќе го дознаеш Тино клучниот кодош, местач на луѓе за истрагата за случајот „Пропаганда“ каде главна цел се Маријан Цветковски, Драги Митковски-Книга и Аце Кендо (брат на Владо Мисајловски потпретседател на ВМРО-ДПМНЕ) ќе ти побели косата. Името на личноста стои во пријатели на СЈО. Инаку името на личноста кодош ја имам споделено со еден вистински патриот, ВМРО-овец во душа и тело, има слична фризура како мене, а за него во една помала пријателска коалициона партија се збори со следниве пиетети: Исклучително воспитана и културна личност.

Почеток на колумната

За да можеш да дискутираш  на темата: медиумска политика и нејзина регулација, мора да имаш елементарни познавања за да можеш да ја разбереш суштината и да се прилагодуваш на новите техничко технолошки процеси.

За жал претседателите на ЗНМ и Синдикатот (ССНМ) можеби на Вас драги читатели Ви се претставуваат како врвни новинари, ама тоа можат да си го прават во нивните редакции. Они владеат со институции кои мораат да дадат свој допринос на следниве теми:

  • Јавните радиодифузни сервиси се наоѓаат во еден незгоден јаз помеѓу држават( доминацијата е директна) и комерцијалната радиодифузија што е логична последица на толку фалените „ЗАКОНИ НА ПАЗАР“. Јавните сервиси во себе имаат нешто повеќе од идеал, тие се повеќе од потрошувачките желби на граѓаните и од елемент на една совршена демократија.
  • Новите ажурирања на телекомуникациското право и регулатива, како и на Телекомуникации, медиуми и бизнис стратегија се состоја од поглавја на Авторизација и лиценцирање, Интелектуална сопственост и стандарди и Содржина на регулативите, вклучувајќи емитување, интернет и услуги со повисока стапка. Овие правила се неопходни за правниците во телекомуникацискиот сектор, медиумите, консилтантите, банкарите и сметководителите.
  • Правилници за менаџирањето на електронските медиуми што ја опфаќаат суштината на животната средина на 21-от век и ги става во контекст за сегашните и идните менаџери на електронски медиуми.

Драги читатели да поедноставам што мора да се случи во најбрз временски рок, а јас од разбирливи причини ќе давам само сегменти. Ме нервира на мое знаење препишувачи да глумат експерти:

  1. МРТВ мора да има буџет од 50 милиони евра, а гледаноста природно мора да биде прифатено дека неможе да надмине повеќе од 9%. (првата тема). МРТВ мора да отвори нови 4 (четири) музички канали: поп рок, фолк, класична музика – сите на македонски јазик и музички на албански јазик. Се користи неограничен ресурс. Популација 30 милиони жители. Минимални финансиски вложувања, а голем приход. МРТВ станува клучен фонограмски продуцент и заштитник на културниот идентитет. Клучна институција АВМУ.
  2. Бидејќи граѓаните ја финансираат Македонската Информативна Агенција, искористувањето на нејзините услуги од страна на други медиуми можат да се движат на ниво од 20% од вкупно објавените информации и макс 25% од вкупниот борј на зборови од информацијата. Користење на фотографија и видео само со претходен договор одобрен од застапници на фотографија и видеограми.
  3. Создавање на фонд кој ќе се финансира на принципот „Од медиумите за медиумите”. Исклучиво за продукција, заштита на идентитетот на државата и заштита на синдикалните права.
  4. Во соработка со спортските новинари и Македонскиот Олимписки Комитет започнување на коментирање на македонски јазик, албански јазик и одредени настани како изненадување во цела Европа на ромски јазик. Начинот на изведба е комплетиран на најџентламенски начин
  5. Стоп на целата пиратерија. Пиратеријата е кривично дело кое се казнува со затворска казна од 6 месеци до 3 години. Во овој момент пиратеријата е развиена на основ на: Дома мене никој неможе да ми каже што правам. Да. Ама не е така.  Се крадат многу милиони евра на основ лажна демократија и граѓански права. Начинот на изведба е комплетиран на најџентламенски начин.

Драги читатели зошто насловот ми е дека овие две личности треба да ги напуштат претседателските места? Зошто од ова погоре напишаното ништо не разбираат. И секогаш велат дека они биле за правата на новинарите. Во ред. Ама забораваат дека мораат да бидат на страната на публиката или јавноста како милувате.

Да отворам уште една тема. Ви ги затруја мозоците со тоа дека 5Г е нова методологија за уништување на живиот свет и дека од човечките суштества ќе направат имбецили или пак ќе не редуцираат по потреба со стискање на копче. Па се најдоа еден тон фасификат експерти кои за нив 5Г е кратенка од 5-от јавач на апокалипсата.

Ама не е така. Кратенката значи: 5-та генерација мобилни мрежи. За да бидам поубедлив Ве замолувам кој од Вас има време слободно нека ги погледне следниве видеа на кои учествуваат едни од најголемите експерти

FEIT ALUMNI

5Г и вируси, прв и втор дел, од 07 и 08 Мај 2020

5Г и Македонски телеком 27 Мај 2022

Кога ќе ги изгледате видеата ќе видите колку нашите новинари едноставно се неспремни, а посебно нивните лидери.

Моето мислење можете уште еднаш да го прочитате во горниот дел на колумната.

П.С 2

За да ги просветлам Младен Чадиковски и Павле Беловски. Да им кажам една анегдота. Во време српско во Скопје се доселил извесен Ѓуро (велат дека му е прадедо на Ѓуро од Манда) и бил кројач. Ама не ги милувал многу Србите. И кога двајца офцири се среќавале на едниот сакото му било со шест копчиња, а две дупки. На другиот имал една крагња, ракавите со различна величина итн. И се прашуваат: Одакле ти сако? Па, Шијо ми га Ѓура.

Така и они се Шијо ми га Ѓура претседатели.

Автор: Виктор Грозданов за НетПрес