Силјановска Давкова: Го расцветаа судството, овена, слана социјал-демократска го погоди!

Гордана Силјановска Давкова која е носител на Изборната единица 1 преку видео на Фејсбук вели дека не може премиер на државата да биде претседател на тело за судски реформи.

Таа додава дека не смее ниту политичарите да се мешаат во судството, додава дека веќе е доста од поединци кои од нив се правеле богови.

Не може премиер да биде претседател на тело за судски реформи. Го расцветаа судството, овена, слана социјал-демократска го погоди. Нам ни требаат силни институции, процедури, стои во нејзиниот пост на Фејсбук.