21.8 C
Skopje
четврток, март 28, 2024

Силјановска Давкова: Младите се потенцијалот и силата врз кој треба да се темели државата

Носителот на Изборната единица 1 од ВМРО-ДПМНЕ Гордана Силјановска Давкова денеска се сретна со младите од општина Кисела Вода, каде истакна дека младите се потенцијалот и силата врз која треба да се темели државата во иднина.

Силјановска Давкова им порача на младите дека нивната е најважната приказна, дека нивната приказна говори за обновување на образовната инфраструктура, изградба на нови училишта, обновени факултети, институти, библиотеки, задолжително изучување на македонскиот јазик на универзитетите и посебност на Институтот „Блаже Коневски” со задолжителни лектори професори по македонски јазик на секој факултет.

Во изборната програма на ВМРО-ДПМНЕ, посочи таа, се предвидени ваучери за младите за културни и спортски настани, компјутерска едукација и уште многу образовни надградби.

Силјановска, исто така, беше децидна во ставот дека младите сакаат конкурентна држава, независна администрација која ќе се основа на конкурс без двојни аршини, за можност да имаат најдобрите и најкомпетентните, без разлика од која политичка партија доаѓаат или каква етничка припадност имаат.

„Не смее етничката припадност да биде предност или маана при избирањето на кадрите во сите институции, туку квалитетот и научниот степен“, порача Силјановска Давкова, и се обврза на исполнување на сите проекти за млади од изборната програма на ВМРО-ДПМНЕ со цел подобрување на стандардот на младите во Република Македонија.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.