Силјановска Давкова: При една изборна единица пропорционалниот систем е најрепрезентативен

Се работи за јавна расправа, а тоа значи дека Комисијата за политички систем согласно деловникот ќе покани претставници на невладиниот сектор, експерти, заинтересирани луѓе кои од свој агол ќе фрлат поглед на ова важно прашање, а тоа е измена и дополна на Изборниот законит. Иначе вчера во законот се загатна само изборната единица. Меѓутоа тоа е еден сегмент од изборниот систем, тука веднаш се говореше и за изборниот праг и за техниката на пресметувањето на резултатот, и тоа е исто така важно, истакна Гордана Силјановска Давкова, пратеник од редовите на ВМРО-ДПМНЕ при гостување во „Утрински Брифинг“.

Силјановска Давкова додаде дека за ова прашање ќе говори како експерт на Обединети Нации за избори, а не како пратеник.

-Ние сме редок пример на чести промени на изборниот систем. Тоа е најнепроменливиот елемент. Многу се дискутира за него, но ретко се менува. Зошто? Бидејќи влијае врз изборниот резултат. Но, 2001 година по конфликтот логично беше ако внесувате елементи силни на консоцијативна демократија, зошто, заради мултикултурниот амбиент и со тој тип на демократија многу пологично оди пропорционален изборен систем. Зошто пропорционалниот изборен систем значи дека пропорционално на добиените гласови ќе добиете и мандати. Значи полесно се отсликува амбиентот кој што е мултикултурен. Е, сега толку години потоа исчекорот на помалите партии е каков? Тие бараат една изборна единица. Зошто? Бидејќи кога имаме една изборна единица пропорционалниот систем е најпропорционален или најрепрезентативен. Зошто? Бидејќи гласот има една тежина на целата територија, рече Силјановска Давкова.

Силјановска Давкова посочи дека по парламентарните избори сега се забележа дека во некои изборни единици се влегло со многу помалку добиени гласови односно се добил мандат и се влегло во Парламентот одошто во други изборни единици. Колку е апстиненцијата поголема толку значи со помалку гласови може да се влезе во Парламентот.

-Нивната идеја е, особено идејата сега пак на т.н. мали заедници етнички и на малите партии, кога велам мали етнички заедници говорам за етнички заедници кои не се хомогенизирани на определен простор туку се дисперзирани низ Македонија, тоа се Власи, Турци, Роми, Египјани итн. на овие мали етнички заедници им е важно да им се вреднува гласот зошто кога реков техниката ние имаме т.н. Донтова техника. Некаде ќе ви речат дека оваа техника е лек против фрагментацијата. Имено, во Донтовата техника остатокот на гласовите бидејќи секогаш има остаток од гласови, никогаш не се добиваат 4 мандати, а остаток на гласови оди кај големите партии. Зошто? Како антифрагментационен инструмент. Да речеме Германија има мешовит изборен систем, 50% од Бундестагот се избираат по мнозински, а 50% по пропорционален ама сепак има изборен праг од 5%. Зошто? За да нема многу партии во Парламентот, појасни Силјановска Давкова.

Силјановска Давкова укажа дека природен праг е кога колку е помала изборна единица толку е поголем природниот праг за да се влезе. А, прагот за кој што се говори сега од 5% тој е многу висок за Македонија. Е тој праг во Германија што се користи е наречен правен праг.