Силјановска Давкова: Во ребалансот на Буџетот го нема образованието

Она што зачудува и разочарува е што не гледам инвестирање во образованието, рече пратеничката од ВМРО-ДПМНЕ, професор Гордана  Силјановска Давкова на вториот ден од расправата на Комисијата за финансирање и буџет на тема ребаланс на Буџетот.

„Нема подобра инвестиција од онаа во човечки капитал. Нема подобра инвестиција од онаа во млади, а кај мене во близина на Правниот факултет има недовршени згради, а пари не се предвидени за тоа. Тука треба да биде Факултетот за информатички науки и компјутерско инженерство“, посочи Силјановска Давкова.

Уажа дека очекувала во период на кризата предизвикана од пандемијата на короанвирусот, дека младите ќе се вратат во земјава.

„Мислев дека со коронаворусто многу млади ќе се вратат дома, така беше и во Бугарија. И мислев ако го ставиме акцентот на нив и овде имаат шанса да се вратат. Но тоа не се случи, рече таа посочувајќи дека бројката на млади невработени во Македонија е околу 30 илјади невработени“, рече пратениничката на ВМРО-ДПМНЕ.

Дека е алармантна ситуацијата, посочи Силјановска Давкова, се гледа и по енормните задолжување.

„Голема е опасноста ако го пречекорите задолжување и надмине на 60 проценти од бртуот домашниот производ. Значи Македонија е во лоша ситуација“, рече професорката.