Силјановска: Една слика, думи рој

Сликата со Фатмир Дехари наликува на политичка средба во штабот на УЧК, а не во канцеларија на градоначалник на Кичево, град во Република Македонија, истакува професорката Гордана Силјановска Давкова во врска со скандалозната фотографија на министерката за одбрана Радмила Шекеринска.

„Министерката за одбрана и градоначалникот МОРА да знаат дека членот 20, став (4 ) на Уставот на Република Македонија забранува воени или полувоени здруженија што не им припаѓаат на вооружените сили на Република Македонија.

Или, ова не важи за СЕВЕРНА и за Кичево?“, напиша профсорката Силјановска Даквова.